Министерот за здравство Арбен Таравари на попладневната средба со новинари потврди дека денеска потпишал десетина решенија за нови директори на јавни здравствени установи во Скопје и во другите градови.

Тој истакна дека д-р Катерина Ставриќ е нов директор на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Најави дека имињата на новите директори на останатите јавни здравствени установи ќе бидат соопштени утре.

Информираше дека нови директори ќе добијат клиниките за педијатрија, дигестивна хирургија, максилофацијална хирургија..., Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија, Клиничката болница Битола, општите болници во Кавадарци и Велес, како и неколку здравствени домови.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2017 18:57