Во склоп на Армијата на Република Македонија постои центар за одгледување и дресура на кучиња кој е дел од Командата за обуки и доктрини.

Целите на овој центар се одгледување и дресура на кучиња за различни намени како и оспособување на инструктори и војници за водачи на службени кучиња за потребите на АРМ и други државни институции а како дел од задачите кои ги имаат се: Одгледување, репродукција, нега и исхрана на службени кучиња, изработка на Планови и Програми за изведување на дресура на службени кучиња за различни намени, изведување на дресура на службени кучиња за различни намени (чувари, заштитни и кучиња за специјални намени), стручно усовршување и оспособување на инструктори - водачи на службени кучиња за различни намени, изведување на редресура на службени кучиња од единиците на Армијата на Република Македонија и обука на војници - водачи на службени кучиња.

Обуката во центарот за одгледување и дресура на кучиња се реализира преку курсеви и тоа: курс за обука на чуварски кучиња, курс за обука на патролни кучиња, курсеви за обука на кучиња трагачи, обука на кучиња за откривање на експлозиви, обука на кучиња за откривање на мини, обука на кучиња за откривање на лица при елементарни несреќи како и курсеви за обука на водачи на службени кучиња.

Во продолжение погледнете дел од галеријата направена во центарот за одгледување и дресура на кучиња како и видео од тренинг на армиските кучиња.

Фото + Видео: Кога кучињата и служат на државата



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2017 01:40