Денеска пратениците во Собранието трет ден ќе расправаат за ребалансот на буџетот, а пленарната седница ќе почне во 11 часот.

Опозицијата ја обвинува власта дека со ребалансот на буџетот прави најголеми кратења во образованието и во здравството, дека се кратат капитални инвестиции и дека до крајот на годината не е предвидена реализација на ниту еден проект.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, пак, вели дека ребалансот на буџетот е реален бидејќи секој буџет досега бил лажно проектиран за да се „продава приказната дека има развој“.

Пленарната расправа за буџетот треба да трае пет дена. „Мета“ од извори од партиите дознава дека гласањето за ребалансот на буџетот ќе биде в понеделник. Во текот на викендот, само в сабота се очекува да има собраниска расправа.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2017 11:50