Вечерва на плажата Градиште 2 концерт ќе има извонредниот новосадски состав „Фрајле“. Четиричлениот женски акустичен бенд од Нови Сад, ги освојува срцата на публиката од 2009 година кога е основан бендот.
Влезниците за дружбата со девојките кои свират од руско-циганска музика до актуелни поп-рок и авторски теми во претпродажба ќе се продаваат по цена од 500 денари.
По тој повод концертот бродот Александрија 1 ќе воведе специјална линија од Охрид до Градиште. Пoаѓањето ќе биде во 21 часот од градското пристаниште во Охрид, а враќањето од Градиште ќе биде во 1 часот по полноќ.
Цената на повратниот билет е симболична и ќе чини 200 денари.