Миливоје Јанковски и проф. д-р Венера Крлиу-Ханџиски се добитници на државната награда „Мајка Тереза” во 2017 година, соопшти Министерството за култура.

Наградата им се доделува за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката меѓу народите и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Признанијата на добитниците ќе им бидат врачени на 26 август 2017 година во 12 часот во Собранието на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2017 16:11