МВР денеска привело 41-годишно лице осомничено за препродавање билети за Суперкупот на УЕФА, кој што ќе се игра утревечер во Скопје.

Лицето Д.С. неовластено ги нудел билетите преку интернет, каде што за контакт го оставил своето име и број на мобилен телефон.

Тоа било доволно за полицијата да го пронајде, а при претресот во неговиот дом биле одземени два билети, телефон и сим картичка.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2017 05:47