Од вечерва до недела ќе се одржат последните три фестивалски дена на „Струмица опен фестивал” на кои ќе настапат звучни македонски и балкански музички имиња.

На градскиот плоштад од синоќа почна поставувањето на главната бина, на која вечерва ќе настапат Галија, Гаро и Тавитјан брадрс, Сергеј Четковиќ, Јелена Томашевиќ и Жељко Бебек, како и Галоски и Пата Пата рекордингс.

Дани, Ван Гог, Јелена Розга, Мистик и Астра-ион проект се планирани за в сабота 12 август.

Последната фестивалска вечер, публиката ќе може да ги проследи настапите на Нино Величковски, Квин реал трибјут, Дино Мерлин, Кирилик и Дисконектит.

Со тоа ќе завши шестото издание на фестивалот, кој почна на 3 август, а во чија програма се одржаа содржини за млади, поетски и филмски вечери, ноќи на афоризми, школа за гитара, џез и рок концерт…

Од „Струмица Опен фест“ информираат дека во петте изданија имале околу 900 илјади посетители, 400 изведувачи и 100 настани.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2017 11:04