Американската ТВ мрежа Си-Ен-Ен му даде отказ на конзервативниот коментатор Џефри Лорд откако на Твитер постави нацистички поздрав кон еден негов критичар.
Лорд постави твит со нацистички слоган Сеиг Хеил за директорот на либералната заговарачка група Медиумите и значат на Америка.
– Коменататорот не работи веќе за Си-Ен Ен. А нацистичките поздрави и коменатри не може да се оправдаат, наведе портпарол на медиумот.
Во интервју за американски медиуми Лорд рече дека го почитува Си-Ен-Ен и неговите новинари, но не се согласува со одлуката бидејќи неговиот твит не е афирмација на нацизмот туку намера да се исмее заговарачката група и нивната тактика на бојкот во пренесување на конзервативни мислења.