Претседателот на САД Доналд Трамп денеска повторно се закани дека ќе употреби сила врз Северна Кореја.
– Имаме целосно подготвени воени решенија, доколку Северна Кореја дејствува неразумно, напиша Трамп на неговиот Твитер налог.
– Се надевам дека Ким Џонг-ун ќе тргне по друг пат, додаде американскиот претседател.
Денешните вербални напади уште повеќе ја изострија ситуацијата меѓу двете земји.
Вчера Трамп ги напомена заканите дека ќе „истури оган и бес“ врз Северна Кореја, наведувајќи дека можеби тоа предупредување не било доволно драстично.