Доцна синоќа, во рамките на законскиот рок, претседателот Ѓорге Иванов го потпишал ребалансот на буџетот за 2017 година.
Во Собранието, пред седум дена беше изгласан ребалансот на буџетот, а шефот на државата за потпис на указот на оваа собраниска одлука го искористи максимално дозволениот законски рок од седум дена.
Потпишаниот указ е веќе пратен во собраниските служби, по што следува објавувањето во „службен весник“ и стапување во сила на овие собраниски одлуки. Од Кабинетот на Иванов вчера информираа дека „претседателот секогаш се изјаснувал во законски предвидениот рок. така ќе постапи и сега“.