Бразилскиот репрезентативец Паулињо направи трансфер од Гвангжу Евергранде во Барселона, објави денес каталонскиот клуб.
Паулињо по две години поминати во Кина, се враќа во Европа, и тоа во трансфер вреден 40 милиони евра, а потпиша четиригодишен договор со Барселона.
Излезната клаузула на 29-годишниот играч за врска, која е задолжителна во шпанскиот фудбал, изнесува дури 120 милиони евра.
Паулињо и во 2013 година беше на листата на желби на Барселона, но тогаш заврши во Тотенхем од бразилскиот Коринтијанс.
Паулињо беше многу успешен во Кина, освои дури шест трофеи со Гвангжу (два пати првенството, еднаш азиската Лига на шампионите), но и го задржа статусот стандарден репрезентативец на Бразил.
Тој е трето засилување на Барселона ова лето, по Жерар Деулофеу и Нелсон Семедо.