Португалскиот фудбалски стручњак, Пауло Фонсека повеќе нема да го предводи Милан.

Тој на италијанските медиуми им соопшти дека се повлекува од тренерската функција на „Росо-нерите“.

-Да, вистина е, го напуштив Милан. Ова е животот. Јас имам чиста совест бидејќи направив се што можев, изјави Фонсека за „Sky Italia“.

Оставката на Фонсека доаѓа по нерешените 1:1 со Рома викендот во натпреварот од 18. коло на Италијанското фудбалско првенство.

Клубот од Милано се наоѓа на осмото место во Серија А со 27 бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/12/2024 17:22