На 14.08.2017 година околу 16,30 часот во Струга, во ресторанот “Аква Блу“ лоциран на ул. “Партизанска“, сопственост на Д.Б. (55) од с.Велешта-Струга, додека Д.Б. седел на една од масите на терасата, му се приближило непознато машко лице и од пиштол испукало еден проектил кон него нанесувајќи му огнострелна рана во пределот на главата, по што лицето се дало во бегство.

По сторителот се упатиле две лица, но и кон нив тој испукал неколку проектили по што побегнал.

Повредениот веднаш бил пренесен на хируршкото одделение при општата болница во Струга но по неуспешниот обид за реанимација била констатирана смрт.

Увид на место на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Струга, од лице место се подигнати материјали за вештачење, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Се превземаат мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2017 11:14