По големиот број забелешки во изминативе неколку години за загубени пратки со производи нарачани преку интернет од странство, „Македонска пошта“ воведе систем за следење на пратките преку веб-сајтот на компанијата.

„Сите граѓани што купуваат од странски продавачи пристигнувањето на својата пратка во „Македонска пошта“ и реализирањето на доставата веќе може да ги следат преку системот за следење пратки на „Македонска пошта“, поставен на веб-сајтот, информира денеска „Македонска пошта“.

Со тоа, како што тврдат од компанијата, ќе се зголеми сигурноста на овие поштенски пратки во обид да се елиминираат сите сомневања за намерно или ненамерно губење на пратките од интернет-нарачка во „Македонска пошта“.

Сепак, на сајтот на компанијата се уште нема прецизно објаснување што се треба да се направи за да може да се следи пратката.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2017 12:14