Убави нозе, раскошно деколте, убава насмевка и волшебен поглед – никој нема да остане рамнодушен пред вакви дарби, особено мажите, кои се големи ценители на убавината. Имено страста кон надворешната убавина, им ја донесе на мажите славата на лесноумни донжуановци, за кои личните квалитети на човекот се на втор план, после големината на градите се разбира.

Но кога восхитот од надворешната убавина преоѓа во втор план на сцена излегуваат личните квалитети, кои во поривот на страста останале незабележани. Имено тогаш мажот почнува да ја гледа својата дама на сосема различен начин. Видете кои внатрешни квалитети ги ценат мажите кај жената.

1. Чувство за хумор

Чувството за хумор кај една жена е толку важно за мажот, колку и убавината на нејзините стројни нозе. Способноста да прифаќа разни куриозитетни ситуации со чувство за хумор, кои меѓу другото често се случуваат во односите помеѓу двајца, ја прави жената вистински мудра во машките очи.

2. Интелигенција

Убавина и интелигенција – оружје пред кое дури и најискусниот маж неможе да одолее. Умната жена е двојно поубава бидејќи го прави мажот до неа горд не само поради нејзината надворешна убавина но и поради нејзиното остроумие и знаење.

3. Умешност да слуша

Не само жените и мажите сакаат да зборуваат. Тие исто имаат потреба од благороден слушател со кого да споделат како им минал денот, проблеми на работа и т.н. Научете се да бидете добри слушатели и никогаш не го прекинувајте партнерот со вава и слична фраза:” Драги погледни ми ги ноктиве!”

4. Спремност за компромиси

Заедничкиот живот и бит покажуваат дека желбите на мажите и желбите на жените, како и нивните возможности не секогаш се совпаѓаат. При појавата на противоречиви ситуации е необходно да се прават компромиси за да се запази спокојството и хармонијата во односите. Безапелационите ваши барања за да го добиете посакуваното, по секоја цена, покрај аргументите и возможностите на мажот, се толкува од негова страна како детски каприз и игнорирање на неговото мислење. Освен тоа спремноста за компромис е превенција од напразни спорови и навреди, кои мажите не ги сакаат.

5. Спремност за промена

Секојдневната рутина ја сосипува врската побрзо од што може да забележиме. Силниот пол едноставно ги сака промените. Не е задолжително промената да биде глобална, како на пример пат до другиот крај на земјината топка. Изненадете го со нешто кое е во рамките на секојдневниот живот. Што би можело да е подобро за еден маж, од жена која денес е перфектна домаќинка која изненадува со кулинарни искушенија, а утре тигрица што му го задоволува сексуалниот апетит. Жените кои се секогаш спремни да одговорат на машкиот порив кон промени и луди постапки – ете тоа сакаат мажите.

6. Комуникативност

Независно од тоа колку е убава жената, ако мажот неможе да извлече од неа неколку зборови на првиот, вториот и третиот состанок, четврт најверојатно нема и да има. За мажот е важно жената до него да биде комуникативна, и да умее да води слободен разговор во неговата компанија. Во крајна сметка пријателите му значат многу и ете зошто изнаоѓањето на општ јазик со нив е многу важно.

7. Почит кон неговото семејство

Постигнување на разбирање помеѓу жената и семејството на нејзиниот маж е тешка задача, особено кога станува збор за неговата мајка, односно вашата идна свекрва. Тука веќе ви е необходен цел арсенал од позитивни карактеристики за да спечалите, ако не љубовта на семејството тогаш барем нивната почит. Мажите ја ценат многу способноста на жената да подржува добри односи со неговите блиски, бидејќи на овој начин таа ја изразува и почитта и кон него.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2017 16:08