Чедомир Јаневски имаше деби од соништата на кормилото на македонскиот првак Вардар и тоа со победа од 2-0 против турскиот гигант Фенербахче.

Јаневски нагласи дека победата е остварена по грешките на противникот, кој не верува дека истите ќе ги повтори и во реваншот во Истанбул, па затоа неговите фудбалери ќе мораат да одиграат уште подобро на гостувањето во Истанбул.

– Морам да бидам задоволен од резултатот. Резултатот е добар за нас, 2-0 против еден противник кој беше добар во посед на топка. Сакам да им честитам на играчите и на навивачите, кои не бодреа. Игравме со срце и среќата на послужи, бидејќи двата гола беа по нивни грешки. Првпат среќата беше на наша страна. Овој резултат ни дава позитивна енергија, но ако мислиме денес дека завршивме работа, во голема заблуда сме. Од искуство знам дека Фенрбахче има одличен тим, има играчи кои не играа денес, имаат одлична публика, ќе биде пеконо тешко таму, изјави Јаневски по мечот.

И покрај предноста од два гола Јаневски не е убеден дека тоа е доволно Вардар да направи историски пласман во групната фаза.

– Оваа предност е добра, но не е сигурност дека ќе не одведе во групната фаза. Поголеми шанси за пласман ќе имаме ако во главата размислуваме да дадеме гол. Четири гола не верувам дека ќе примиме. Знам каков пекол не очекува. Квалитетот го видовме. Јас не размислувам да се браниме, туку како да дојдеме во ситуација да ги загрозиме и да дадеме гол. А така и на противникот ќе му биде потешко, ќе падне на психолошки план. Немам намерам да се забетонирам, но мора да имаме организација на мечот, додаде Јаневски.

Кормиларот на Вардарци потенцира дека неговиот тим има капацитет да игра подобро. Реваншот со Фенербахче е закажан за 24 август во Истанбул.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2017 11:45