Четириесетгодишен маж изутрина околу осум часот паднал искачувајќи се од карпа на излезот од браната кај езерото „Младост“, здобивајќи се со тешки телесни повреди, информираа од СВР Велес.

Како што соопшти за МИА портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, Т.Д. викал за помош но дури по неколку часа било слушнат од минувачи и изваден околу 12 часот од страна на пожарникари и полицајци од екипа на Министерството за внатрешни работи. Веднаш е повикана медицинска екипа од Брза помош од Велес, а како што информира за МИА д-р Слободанка Ристовска, првично тој бил вон животна опасност

– Имаше повеќе скршеници на нозете, односно на левата нога на колено, на стапалото, и на колкот. Поради тешките повреди со хеликоптер веднаш беше пренесен на понатамошно лекување во Болницата „ 8-Ми Септември“ во Скопје, рече Ристовска.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2017 00:43