Масовна тепачка помеѓу две поголеми групи се случила синојќа во 1:30 часот по полноќ во строгиот центар на Прилеп, кај Реклами.
Поради засега непозната причина, двете групи најпрво се судриле зад бизнис центарот, а потоа тепачката ескалирала на булеварот “Гоце Делчев”, пред очите на стотина очевидци.
Полицијата пристигнала со повеќе возила на лице место, при што според очевидците со удари се здобиле и дел од полицајците кои интервенирале во тепачката.
Но, случувањата тука не престанале. Откако полицијата привела неколкумина, едно лице започнало да тропа по полициското комбе, барајќи да се ослободи некое од приведените лица и со остри зборови да се обраќало кон полицајците. Истото потоа се дало во бегство, а во филмска бркотница подоцна и тој бил приведен.
Причините за оваа масовна тепачка, која го блокирала и целиот сообраќај, засега остануваат непознати.
Извор: Маркукуле.мк