Врз деветгодишно момче завчера во Охрид е извршен полов напад од страна на двајца негови другари на возраст од 10 и 12 години, информира денеска во дневниот билтен Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, лекар од Медицински центар Охрид вчера во 16:20 часот во полициска станица Охрид известил дека кај нив било донесено деветгодишно момче од Охрид, врз кое бил извршен полов напад.
Во 18:20 часот во полициската станица Охрид, мајката на детето пријавила дека завчера во периодот меѓу 17 и 18 часот во нивниот дом, нејзиниот малолетен син бил злоставуван од двајца негови другари на возраст од 12 и 10 години. За настанот биле запознаени Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Охрид.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.