СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.М. (25) и против А.Ч.(28) за сторено кривично дело „фалсификување исправа”.
Пријавените откако од непознато лице набавиле фалсификувани влезни карти за Фестивалот „Грин Бич“ кој требало да се одржи на Парк плажа во Охрид на 28/29 јули 2017 година, на 28 јули 2017 година продале четири билети, на лице од село Миравци, Гевгелиско.
Истиот ден во период по 22:20 часот од организаторот на фестивалот, при обид за влез на посетители, со службените читачи на бар кодови и холограми било констатирано дека 20 влезни карти се фалсификат.
При претрес во просторијата во Извиднички центар – Охрид каде пријавените биле сместени и привремено престојувале на 28/29 јули 2017 година, пронајдена била и со потврда привремено одземена уште една фалсификувана-лажна влезна карта за истиот фестивал.