Голманот на ракометната репрезентација на Германија, Андреас Волф од Кил ќе премине во Веспрем за 2,6 милиони евра, објавија германските медиуми.

Годишната плата на Волф во унгарскиот клуб ќе изнесува 700 илјади евра.

Со ангажманот на Волф, соборен е досегашниот рекорд во ракометните трансфери што го држи Никола Карабатиќ кој пред две години од Барселона отиде во ПСЖ за 1,8 милиони евра.

Волф во Кил не е задоволен од минутажата која ја дели со Данецот Никлас Ландин и поради тоа сака да ја смени клупската средина.

За германскиот национален тим брани од 2013 година, досега има 50 настапи и постигнато дури шест погодоци.

Веспрем во новата сезона имаа амбиции да го нападне трофејот во Лигата на шампионите што во моментов е во сопственост на Вардар.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2017 17:46