Осумнаесетгодишната ресенчанка Р.К. била грабната од 20-годишниот У.В. од село Поум, Струшко, тврди нејзиниот татко, 49-годишниот Е.К., кој го пријавил случајот во Полициската станица во Ресен.
Како што е наведено во полицискиот билтен, таткото рекол дека У.В. дошол со татко си и со уште неколку лица со автомобили „фолксваген голф“, управуван од 20-годишниот Џ.Ф. од село Биџево, и „фолксваген голф 3“ во домот на девојката, насилно ја зеле и заминале во непознат правец.
Во врска со настанот, во Полициската станица Ресен бил приведен Џ.Ф., кој изјавил дека не знае каде се наоѓаат горенаведените лица. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојката и на целосно расчистување на кривичното дело.