Европскиот ракометен првак Вардар отпатува за Доха, Катар каде од 25 до 28 август ќе настапува на Супер Глоуб.
Ова ќе биде прво учество на Вардар, и на екипа од Македонија и соседството што ќе настапува во Катар на неофицијалното клупско Светско првенство, во обид да го освои петтиот трофеј годинава.
Во 2017 година Вардар ги има освоено Лигата на шампионите, СЕХА Газпром лига, домашното првенсто и домашниот куп.
Првиот противник на вардарци во четвртфиналето е ирански Гашарн, а тој натпревар е закажан за в петок (25 август) во 14 часот.
Доколку победи со иранскиот претставник, во полуфиналето Вардар би требало да се сретне со Барселона, тим со кој играше и во полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн.