Музичарите на „Linkin Park“ соопштија дека подготвуваат специјален настан во спомен на нивниот вокалист Честер Бенингтон, кој пред само еден месец изврши самоубиство.

Во пораката на Фејсбук, групата соопшти дека „специјалниот јавен настан“ ќе се одржи во Лос Анџелес, а повеќе детали ќе бидат објавени подоцна.

„Сакаме да им се заблагодариме на сите наши обожаватели ширум светот за големиот излив на љубов што ни даде сила во овие неверојатно тешки времиња“, пишува бендот.

Беннингтон беше пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес на 20-ти јули. 41-годишниот музичар страдал од проблеми со алкохол, дрога и психолошка траума од детството.

Извор: Standard.mk



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2017 02:16