По четирите титули освоени годинава, ракометарите на Вардар од денеска имаат нов предизвик, настап на неофицијалното светско клупско првенство - Супер Глоуб што се одржува во Доха, Катар.
Во 14 часот вардарци играат против иранскиот тим Гашаран.
За тимот на Вардар, и воопшто за една македонска екипа ова е првпат да настапува на вакво натпреварување каде има тимови од сите континенти. Како европски првак Вардар ја доби шансата да игра на Супер Глоуб. некои од ракометарите веќе имале моќност да играат на Супер Глоуб, но за најголемиот дел ова е првата да бидат на овој турнир.
„ Наша цел беше формата да биде темпирана токму за Катар и за Супер Глоуб. Ќе биде тешко, но сакаме да ја завршиме 2017 година со петти пехар. Одиме подготвени психички да се продолжи она што го почнавме. Сакаме да ја продолжиме доминација, иако сме свесни дека ќе биде тешко. Сите велат дека потешко е да се одбрани титулата. Но, ако се работи и со желба, сѐ функционира, вели Тимур Дибиров.
Вардар веќе го имаше и два тренинга во салата во која ќе се играат натпреварите. За Катар не отпатуваа само Ончев, Недановски и Поповски.
„Притисокот е поголем. Сега секој ривал подобро ќе се подготвува за нас. Добро го искористивме подготвителниот период, но останува уште доста за напредување. Катар е добра увертира за новата сезона. Одиме со цел да го освоиме, иако не размислуваме само за тоа. Слично е атмосферата како пред Келн. Отидовме таму без притисок, па и сега е така. Не треба да мислиме дека мора да се победи, ќе играме и ќе видиме што ќе биде, вели Лука Циндриќ.
Доколку Вардар успее да го мине иранскиот шампион во полуфуналето ќе се сретне со Барселона која со високи 18 разлика го совлада Еспериен од Тунис.