Од 20 до 24 септември во Скопје ќе се одржи 11-тото издание на реномираниот фестивал кој го слави виното – Вино Скоп 2017.

Локацијата, како и минатата година ќе биде на плоштадот „Мајка Тереза“ пред МОБ, а на фестивалот ќе земат учество најдобрите македонски винарии.

Вино Скоп ќе понуди петдневно будење на сите сетила- уживање во пијалокот на боговите, различни вкусови, различни бои и мириси испреплетени со традицијата на убавото македонско вино, храна и музика.

Мотото на овогодинешниот Вино Скоп е „Да ја дочекаме есента заедно“!



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2017 12:47