Европскиот првак Вардар ќе игра за третото место на Супер Глоуб 2017 откако во полуфиналето од нашиот тим подобри беа ракометарите на Барселона кои победија со 32-29 (15-12).
Вардар повторно одигра меч со Барселона полн со пресврти и неизвесност до самио ткрај. Малку повеќе концентрација, но можеби и среќа во некои моменти недостасуваа за повторно да триумфираме против Барселона.
Последните 15-тина минути беа навистина неизвесни, а Вардар иако имаше постојано дотогаш негативауспеа да израмни, и неколкупати да има позиција да реализира напад за водство. Но, секогаш тие напори не влодуваа со плод и толку посакуван гол. Последен пат израмнивме во 55 минута, 28-28, по што на две наши грешки, една загубена топка и еден промашен шут на Криштопанс, шпанскиот тим беше сигурен и реализираше за водство 28-31.
Секогаш кога требаше да се одигра мирно, сталожено и да се релизира сигурен гол, имавме проблем. Но, Вардар покажа дека игра 60 минути без оглед на резултатот, без оглед кој води и колкава е разликата. Покажавме дека има уште место за напредок.
Десетте минути без постигнат гол во периодот од 12 до 22 минута беа клучни, и Барселона тогаш направи серија од 0-5 за водство од 3-10. Се обиде Раул Гонзалез со повеќе комбинации особено во нападот, каде тргнавме со Кањељас на среден бек, а потоа се сменија и Игор Карачиќ и Лука Циндриќ, а место Стоилов на линијата на шест метри продолжи Рожерио Мораеш. Корпулентниот Бразилец знаеше како да одолее н атешките удари од противникот и постигна и три гола.
Барселона ја казнуваше речиси секоја наша грешка, и лошиот период од десет минути заврши во корист на Шпанците токму поради успешното реализирање на секое наше промашување или техничка грешка.Во првото полувреме имавме 10 технички грешки и плус 11 промашени шутеви. Арпад Штербик имаше четири одбранети топки, а Страхиња Милиќ три топки.
Последните пет минути вардарци покажаа нешто од својот квалитет, и тоа е период од играта во кој двапати „врзавме" и серија од по два гола, и од највисокото водство на противникот, 6-13 во 25 минута направивме серија со која намаливме на 11-14. Во последните десет секунди двата тима постигнаа по еден гол, а Лука Циндриќ со звукот на сирената која означуваше полувреме намали на 12-15 оставајќи надеж за подобра игра во следните 30 минути.