Многу забава, одлична атмосфера, добра музика и задоволни посетители се дел и од третиот ден – забава на еден од најдобрите настани ова лето во Македонија, Summer Beach Festival 5 кој се одржува на плажата во Штип и Angel's Caffe.

Соред организаторите исполнети се сите услови за денеска на најдобар можен начин се заокружи овогодинешното издание на фестивалот, преку програмата која трае во текот на делиот ден, и цела ноќ се до раните утрински часови.

Она што е во центарот на вниманието и ја одбележува денешната дневна програма е најдобрата пена забава, момент кој ја поткрена атмосферата на највисоко ниво, и им обезбеди комплетно уживање на присутните во Angels Caffe. Сето ова како и секогаш е поткрепено со одличната музика на Constantin Vlaho, Dj Dimitris Patsis, Galoski и DjFac.

Забавата ја доживува кулминацијата во текот на вечерните часови, а честа да ја заокружат овој пат им припадна на Dj Борче Панов, Dj K-105, Xenia Ghali, Marga Sol I Dj Nikifor. Срцата на ангелите овие три дена бијат во ист ритам, а нивните насмевки и позитивни впечатоци се најголемите сведоци дека денеска се заокружува уште едно комплетно успешно издание на Summer Beach festival во Штип.

Извор: ТВ 24



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2017 03:30