Генералната проба пред почетокот на новата сезона за Вардар заврши со бронзен медал на Супер Глоуб. Во меч за 3. место на Супер Глоуб нашите ракометари го декласираа домашниот Ал Сад со 37-19 (14-10). Натпреварувањето го завршуваме со две победи, и еден пораз, оној во полуфиналето.

Фуриозно одиграното второ полувреме, особено првите 15 минути беа клучот, не само за триумфот туку и за најава за висока победа против Ал Сад. Откако во 41 минута Вардар поведе првпат со „плус 10" за 22-12, потоа следуваше само игра со која ја зголемувавме разликата.

За разлика од претходните мечеви, сега во играа воопшто не влегоа Лука Циндриќ, Иван Чупиќ (освен да шутне пенал), Рожерио Мораеш, Страхиња Милиќ, а и Даинис Кристопанс играше во последните десет минути кога сѐ беше јасно околу победникот.

Тоа беше полувреме за гледање, полно со борбеност, пожртвуваност и максимална концентрација на сите момци што беа во игра. Дибиров и Шишкарев ги одбележаа последнит енеколку минути о дпрвото полувреме, и воведните моменти о двториот дел. Во 36 минута Дибиров го постигнува својот втор гол во низа за наше водство, 19-12, а откако потоа не реализиравм еуште два напади (топките завршија во стативата на противничкиот гол) домашниот тренер бараше тајм аут. Но, тука не заврши нашата доминација зашто Македа и Борозан само продолжија во истото темпо.

Во 44 минута ние веќе водевме со 25-12, а домашните повторо бараа тајм аут. Веќе се сменија и играчите во башиот тим. На голот влезе Даниел Ѓорѓески, на бек Јања Војводиќ, а таа бековска тројка Војводиќ - Кањељас - Македа подедкаво добро функционираше. Се придодаде и Кристопанс. Даниел Ѓорѓески имаше шанса и да покаже нешто, бранејќи пет упатени топки.

Резултатот на крај не ја покажува сликата не теренот во првиот дел. Арпад Штербик бранеше одлично и за 18 минути имаше седум успешни одбрани. Вардар поведе со 4-1, а Ал Сад израмни на 5-5 и 6-6 а пото аи поведе со 6-7. Домашниот тим не се предаваше, и играше борбено надевајќи се дека ако го исфрли нашиот напад на 9-10 метри од нивниот гол ќе можат да се надеват на успех. И надежта постоеше се до 25 минута. Тогаш последен пат Ал Сад се приближи на „минус 1" на 9-10. Ние имавме два нереализирани напади во серија, а откако Штербик повторно одбрани преку Шишкарев двапати и еднаш Дибиров, на полувреме заминавме со предност од 14-10.

Раул Гонзалез имаше доволно адути во играта да може постојано да менува, а немаше потреба ниту да бара тајм аут на натпреварот.

Ова беше наш последен натпревар пре официјалниот почеток на сезоната во СЕХА лигата, и на 2 септември гостуваме кај Металург во СЦ „Борис Трајковски"



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2017 18:25