„Рено“ со ресенски регистарски ознаки попладнево околу 16.15 часот се превртело од засега непознати причини на автопатот Велес-Скопје, кај клучката за Штип. Автомобилот најверојатно се превртел откако му пукнала гума. Според првичните информации од МВР, повредени се четири лица, од кои двајца се со потешки повреди. Во автомобилот се превезувале возачот кој е од Ресен, двајца со азербејџански пасош и еден со руски пасош.

Возачот со повреди е пренесен во велешката болница за укажување на лекарска помош. Засега нема подетални информации за карактерот на повредите.

Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2017 01:56