Судот за арбитража во спортот ја одби жалбата на Фудбалскиот сојуз на Боливија, кој се жалеше на одлуката за казната со која репрезентацијата на оваа земја два натпревари ги изгуби од „зелената маса“.

Боливија минатиот септември го совлада Перу со 2-0, а потоа одигра нерешено со Чиле 0-0 во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година, но на теренот беше и Нелсон Кабрера, кој е роден во Парагвај и играше и за нивниот национален тим.

Веднаш беа поднесени жалби, а бидејќи Кабрера немаше право да настапи за Перу, Чиле беше награден со официјален резултат 3-0.

Боливијците потоа ги изгубија сите шанси да се пласираат во Русија, но тие резултати имаа влијание врз пласманот на Аргентина, која игра променливо во квалификациите и се наоѓа на петтото место, доволно само за меѓуфедерациски бараж.

Судот за арбитража во спортот ја поддржа одлуката на ФИФА за казната, но според зборовите на Хорхе Сампаоли, селекторот на Аргентина, тој и неговиот тим не сметаат на арбитражните пресуди.

До крајот на квалификациите во зоната на КОНМЕБОЛ останаа уште четири кола. Аргентина игра против Уругвај, Венецуела, Перу и Еквадор, а директно ќе се пласира на Мундијалот ако биде во првите четири на табелата. Бразил веќе обезбеди пласман во Русија, додека Колумбија и Чиле ги заземаат позициите од 2-4.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2017 11:24