Ураганот Харви почна да се враќа наназад кон државата Луизијана, но се очекува дека ќе ослабне, додека се движи кон север, соопшти Националниот центар за урагани на САД.
Се очекува Харви да донесе голема количина на врнежи во Луизијана, пред да продолжи кон Арканзас, Тенеси и дел од Мисури, каде, исто така, постои можност за врнежи.
Хрви првпат се појави во петокот во Тексас, како ураган од четврт степен.