Патнички авион се урна во близина на градот Актау во казахстанската област Мангистау, соопшти Министерството за вонредни состојби на Казахстан.

Според медиумските извештаи, во авионот имало најмалку 67 патници и пет члена на екипажот.

Авионот на Азербејџан ерлајнс летал од Баку кон Грозни во Чеченија, Русија, но бил пренасочен поради магла во Грозни.

Засега нема коментар од авиокомпанијата.

„Спасувачки служби пристигнаа на местото на несреќата“, стои во соопштението на Министерството.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2024 13:17