Официјално стартува седмата сезона во СЕХА-лигата, а во првенството ќе учествуваат десет екипи.
Од Македонија во СЕХА-лигата ќе учествуваат европскиот шампион Вардар и поранешниот македонски шампион Металург. Хрватите и Словенците ќе имаат по два претставника, Загреб и Нексе, односно Горење и Целје. Белорусија ќе ја претставува Мешков Брест, а од Словачка ќе учествува Татран Прешов. Од Србија учество ќе земат Војводина и Динамо Панчево.
Овој пат во СЕХА-лигата нема да има претставник од Унгарија. Досега ја претставуваше Веспрем и два пати го освои трофејот, но сега раководството на клубот донело одлука тој да не учествува оваа година.
И Босна и Херцеговина ќе остане без претставник бидејќи од Борац Бања Лука не биле во можност да обезбедат соодветни услови за ТВ-пренос.
На програмата се натпреварите меѓу Татран Прешов и Мешков Брест, Војводина и Динамо, Горење и Целје.
На втори септември се игра дуелот меѓу сегашниот и поранешниот шампион на Македонија, Вардар и Металург.