Дебитантот во македонската фудбалска репрезентација Висар Муслиу со оптимизам ги очекува претстојните квалификациски дуели со Израел и со Албанија. Тој е среќен што доби покана од селекторот Игор Ангеловски да биде дел од сениорскиот национален состав.

– Убаво е чувството да се тренира со А селекцијата на Македонија. Се работи добро и во позитивна атмосфера. Очекувам да постигнеме добри резултати и на двата дуела кои ни претстојат. Доколку добијам шанса да играм ќе дадам се од себе. Се надевам на три бода и доближување на табелата кон следните наши ривали во групата, изјави 22-годишниот Муслиу кој беше дел од младинската селекција на Македонија која играше на ЕП во Полска.

Македонската експедиција денес претпладне ќе тргне кон Израел каде на 2 септември во Хаифа ќе го одигра натпреварот со домаќинот.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2017 09:43