Со проекција на научнофантастичната драма „Намалување“ на Александер Пејн во која главната улога ја има Мет Дејмон, синоќа почна 74. Филмски фестивал во Венеција.

На годинашната „Мостра“ во Венеција за главната награда „Златен лав“ се натпреваруваат 21 филм. „Златниот лав“ ќе биде врачен на свечена церемонија на 9 септември.

Вкупно ќе биде прикажано 71 филмско оставрување, од холивудски блок бастери до документарци како што е филмот на кинескиот уметник Аи Веивеј за глобалната бегалска криза.

Меѓу ѕвездите кои ќе се појават годинава на црвениот тепих во Венеција ќе бидат и Џорџ Клуни, Џулиен Мур, Хавиер Барден, Пенелопе Круз и Роберт Ретфорд.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2017 09:46