Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин постојат голема разлики во однос на прашањето за Украина.
Макрон порача, дека нема да дозволи шефот на руската дипломатија „да се извлечи со што било“.
Во интервјуто за францускиот неделник „Ле Поинт“, францускиот претседател наведе оти води дискусии со сите, нагласувајќи дека разговорите се „многу директни и многу искрени“.
- За Украина имаме големи разлики со Путин. Го земам тоа предвид. Франција нема да му дозволи да се извлече со што било, заклучи Макрон.