Минатата недела Apple направи вистинска чистка на апликации во App Store. Причината – тие се ирански.
Токму така, агресивната цензура на гигантот беше поради новите санкции на Вашингтон против Иран. Apple побрза да повлече некои од најпопуларните мобилни апликации направени од оваа земја, што резултира со разбирлив бес на локалните програмери, потрошувачи и компании.
Во „чистката“ влегоа сите апликации кои нудат „приватни и деловни трансакции со седиште во Иран“. Тука спаѓаат апликации за испорака на храна, заеднички транспорт и друго.
Имено заради овие санкции, Apple не го продава iPhone во земјата и не ја поддржува локална верзија на App Store. Досега иранските програмери успеваа да ги закачуваат своите апликации во други верзии на дигиталната платформа, но тоа веќе не е можно.