Започна снимањето на домашната серија „Инсајдер“, која ќе се прикажува на телевизијата „Телма“.
Во серија главната улога ја игра Светозар Цветковиќ – Цвеле, кој глумел во неколку македонски филмови, како „Среќна Нова ‘49“, „Тетовирање“, „Соба со пијано“. Освен него, во актерската екипа се и Ана Стојановска, Сашко Коцев, Ирена Ристиќ, Јордан Симонов.
Телевизиите имаат законска обврска од најмалку 20 часа годишно снимена домашна играна продукција, па оваа есен ќе гледаме неколку домашни серии.