Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп избра четири градежни компании кои треба да го изградат ѕидот долж границата меѓу САД и Мексико, соопшти синоќа федералната царинска служба.
Наведени се компании од Алабама, Аризона, Тексас и Мисисипи.
Вредноста на договорот изнесува меѓу 400.000 и 500.000 долари, а прототипот на ѕидот, кој ќе биде тестиран во Сан Диего, ќе биде девет метри висок и исто толку широк.