Околу 120 жителите од гевгелиските села Селемлија, Богородица и од Стојаково се заразиле од нечиста вода во која имало присуство на ешерихија коли како последица од фекaлно загадување, поради дефект на водоводната мрежа.

Дел од овие лица биле задржани на болничко лекување поради изразени стомачни проблеми и можност од дехидрација.

Центарот за јавно здравје од Велес апелирал до жителите од овие села да не ја користат водата за пиење од градскиот водовод и да купуваат флаширана вода.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2017 01:32