Ракометарите на Охрид во својот деби настап на евро сцената ремизираа со холандскиот тим на Волендам. Во „Билјанини Извори“ видовме доста интересен натпревар со многу пресврти, кој на крајот сепак заврши без победник.
Реванш натпреварот помеѓу овие два тима се игра утре, исто така во СРЦ Билјанини Извори.
Атмосферата на трибините беше фантастична а многу Охриѓани дојдоа да го проследат првиот натпревар на РК Охрид во Европски рамки/ Погледнете дел од атмосферата во СЦ Билјанини извори.