Фестивалот кој го слави пијалокот на боговите- Вино Скоп 2017 и оваа година, покрај доброто македонско вино и деликатеси ќе понуди музика за сечиј вкус.

На Вино Скоп ќе настапат: Караванија кои се одлични џез изведувачи, Калевала- бенд кој изведува традиционални песни од целиот свет, Викторија Лоба која подготвува шоу со диџеј и танчерки, поп рок бендот Ај Кју, Нокаут со старо-новите хитови, Дј Александар Јорданов, Поп Арт Бенд со преработки на македонски песни, најдобриот македонски вокал Нина Јанева со 2 Егзит, Фиц, фронтменот на Студени Нозе кој ќе ги исполни сите легендарни песни од бендот, надежниот поп-рок бенд Чил Плеј, мајсторот за добра атмосфера Миле Кузмановски, Роберт и Панки- дуото кое стои зад Куку Леле, етно бендот Баклава, чии песни звучат светски и српскиот бенд Министарке.

Во четврток и петок за посетителите ќе има и „афтерворк“ забави, а ќе ги забавуваат Акустик Дивижн, Кросроад блуз бенд и ОТ Бенд. Во сабота и недела ќе има целодневно матине, а од 12 часот на пладне, љубителите на виното ќе уживаат во звуците на чалгии, тамбураши и Елвис Блуз трио.

Фестивалот започнува на 20 септември, а ќе трае до 24 септември. Локацијата на одржување е новиот плоштад „Мајка Тереза“ кој се наоѓа пред Македонската Опера и Балет.

Во продолжение, целосната програма за 11-тото издание на Вино Скоп:

Целосна музичка програма за престојниот Вино Скоп 2017


Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2017 12:46