Со одигрувањето на дуелите од 1.коло стартуваше новата сезона од ракометната Супер лига. Највисока победа на стартот постигна Охрид во дуелот со Вардар Јуниор – 30:22, додека без победник заврши натпреварот меѓу Пролет и Борец – 28:28.
Изненадување приреди Радовиш, со победата на домашен терен против Пелистер со 25:24, а Металург 2 го совлада тимот на Прилеп со 31:28.
Еурофарм Работник – Младост неодиграно.
Екипите на Вардар и на Металург поради учеството во СЕХА лигата во домашниот шампионат ќе се приклучат во плеј оф натпреварите.