Европскиот и македонски ракометен шампион Вардар со гостувањето кај Висла во Плоцк вечерва ќе ја почне одбраната на европската титула. Тренерот Раул Гонзалес со соочува и со мали проблеми поради повреди неизвесно е колку ќе може да смета на Лука Циндриќ и Мијајло Марсениќ.

На првиот натпревар во досегашните четири сезони „црвено-црните“ имаат три победи и едно реми. Дуелот Висла – Вардар почнува во 19 часот и се игра во „Орлен Арена“.

Двојки и резултати од 1.коло:

А група: Кристијанштад – ППД Загреб 28:28. Висла – Вардар, Нант – ПИК Сегед и Рајн Некар Ловен – Барселона (недела).

Б група: Мешков Брест – Киелце 28:25, Цеље – Веспрем 31:39, Флензбург – Алборг 30:27. Кил – ПСЖ (недела).

Ц група: Скјерн – Динамо Букурешт и Горење – Адемар (недела). Кадетен Шафхаузен – Елверум 36:30.

Д група: Монпеље – Металург 32:22 и Мотор – Чеховски Медведи 36:23. Бешикташ – Спортинг (недела).



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2017 10:54