Многу пати досега се зборувало дали е добро или да се има секс на првиот состанок, а многу дами се прашувале колку е добро за нивната репутација доколку имаат интимен однос со партнерот уште на првото гледање.

Мажите и жените различно гледаат на сексот при првиот состанок, па затоа и не е на одмет да ве потсетиме на нивните гледишта и зошто мажите мислат дека ОК да се има секс на првиот состанок.

Сексуалната терапевтка Сенди Вејнер изјави дека скоро сите мажи размислуваат за секс на првиот состанок.

Дамите можени когаш нема да можат да дознаат, но всушност, тоа размислување е доказ дека сте го привлекле спротивниот пол или не.

Доколку не сте го привлекле, тој нема никога да не побара на друг состанок, меѓутоа доколку размислува за секс, тоа значи дека го привлекувате, што и не е лоша вест.

Доколку му се допаднете на мажот, тој ќе сака интимен однос со вас во блиска иднина. Тоа не го прави мажот лош.

Тие едноставно се водат од она што од вас ги привлекло, додека жените често сакаат повеќе од обична привлечност да се впуштат во сексуална игра.

Мажите можеби би сакале да имаат секс веднаш, но тоа не значи дека треба да им го приуштите тоа задоволство доколку не сте подготвени на тоа.

Доколку мажот инсистира на секс разговарајте со него, можеби е само заслепен од привлечноста кон вас, па не успева да се контролира на вистински начин.

Разговорот секогаш е најдобро решение.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2017 14:38