Гугл ќе добие голем дел од акциите на производителот на мобилни телефони и други електронски апарати HTC, јавија американски медиуми.

Зделката од 1,1 милијарда долари објаснува колку сериозно американскиот интернет гигант сака да создаде свој сопствен бред на апарати за да биде конкуренција на Епл и на Амазон.

Во изминатава деценија Гугл се фокусира на ОС Андроид што се вградува во голем број производи вклучително и на тајванската компанија HTC.

Компанијата HTC лани го произведе телефонот Пиксел за Гугл и тоа најверојатно беше само „правење пат кон сегашната зделка“, јавуваат американски медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2017 19:08