Ракометарите на Металург го претрпеа и вториот пораз во елитната Лига на шампиони.

Македонскиот вице-првак попладнево загуби од турскиот шампион Бешикташ со 27-31 полувреме 14-14.

Маталург беше рамноправен во поголемиот дел од мечот, односно се до 48-минута кога резултатот беше израмнет 23-23. Во продолжението гостите од Турција направија две серии од 3-1, па на крајот стигнаа до победа изразена со четири гола разлика (31-27).

Хрватот, Халил Јаганац со 9 голови беше најефикасен во редовите на Металург, за кој Филип Кузмановски и Вања Илиќ постигнаа по 4 гола.

Ова беше дуел од Д групата во која вечерва играат Спортинг и Мотор Запорожје, а вчера Чеховски Медведи загуби од Монпеље со 24:28.

На табела лидер е Монпеље со 4 бода, пред Мотор, Спортинг и Бешикташ кои имаат по 2, а Металург и Чеховски Медведи се без освоен бод (0)

Металург во следното коло повторно во Скопје, сабота (30 септември) гостува Спортинг Лисабон.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2017 20:22