Фудбалерите на Барселона и на Лас Палмас меѓусебниот натпревар би требало да го играат во недела, од 16.15 часот, но како што пишуваат тамошните медиуми, најверојатно ќе биде одложен.

Причината не е од спортска, туку од политичка природа, тој ден во Каталонија се одржува референдумот за независност бидејќи таа покраина сака да се отцепи од Шпанија.

Бидејќи на натпреварите на Барселона просечно доаѓаат 90.000 луѓе, прашање е како ќе се одрази тоа на случувањата во градот.

Прашање е дали полицијата би можела да контролира толкава маса доколку дојде до нереди.

Клубовите не се прашуваат ништо, како ни Фудбалската асоцијација, туку се чека да одлучи градот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2017 13:13