Со четири победи по ред во новата сезона во СЕХА Газпром лигата, трикратниот победник на регионалното натпреварување, Вардар ја покажа својата доминација во однос на другите екипи. Таа доминација се гледа и во изборот на најдобрите за септември од страна на СЕХА лигата.

Во идеалниот тим има тројца ракометари на Вардар – Тимур Дибиров, Вуко Борозан и Иван Чупиќ. Најдобриот тренер доаѓа од шампионот, а тоа е Раул Гонзалес.

Најдобрите седум ракометари за септември

Голман: Урбан Лесјак (Целје)

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек: Вуко Борозан (Вардар)

Среден бек: Доминик Крок (Татран Прешов)

Десен бек: Бруно Буторац (Татран Прешов)

Десно крило: Иван Чупиќ (Вардар)

пикер: Жарко Пешевски (Металург)

тренер: Раул Гонзалез (Вардар)



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2017 14:24